Заев: Покажавме дека политичката волја може да се трансформира во брзо функционирање на институциите

„Ја започнуваме работната вечера на „Отворен Балкан“, заедно со претседателот Вучиќ и со нашиот домаќин, премиерот Рама. Утре продолжуваме со работната агенда, на којашто ќе потпишеме повеќе договори за реални придобивки и добробит на нашите народи“ – напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, во пресрет на утрешниот седми состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

„Од првата средба во Скопје во јули до првото потпишување на договорите коешто ќе се случи во Тирана, покажавме дека силната политичка волја може да се трансформира во брзо функционирање на нашите институции. Со тоа го потврдуваме нашиот капацитет како земји за спроведување брзи, ефикасни и напредни реформи и политики за регионална соработка“ истакна Заев.