Рама: Албанија е колатерална штета поради бугарското вето за Македонија
Премиерот на Албанија, Еди Рама смета дека неговата земја ги исполнила сите услови за интеграција во Европската унија, но дека станала колатерална штета поради бугарското вето за Северна Македонија.
Рама во интервју за „Франс 24“, ситуацијата во која се наоѓа Албанија ја оцени како „апсурдна“.
Ние сме во многу апсурдна ситуација, бидејќи Албанија во моментов е колатерална штета на конфликтната ситуација меѓу Бугарија и Северна Македонија, иако добивме зелено светло не само од Европската комисија, туку и од Европскиот совет“, рече Рама.
Бугарија ги извади од џеб барањата од историски и идентитетски карактер кон Северна Македонија и тој процес останува блокиран, бидејќи како што знаете, Европскиот совет лесно се блокира со ветото на една негова членка, додава Рама.
Рама истакна дека Франција неколку години има помалку ентузијастички став, што не е поврзано со Албанија или со проблемите на Албанија, туку исклучиво со визијата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој се залагаше за продлабочување на реформите во ЕУ со цел побрзо да се придвижи со проширувањето.
„Визијата на Макрон беше протуркана преку нов метод на интеграција, кој подоцна беше одобрен од сите. Ниту Франција, ниту Германија немаат сила да влијаат врз Бугарија денес, што е прилично комплицирана позиција да се објасни, но што го прави процесот уште покомплициран, бидејќи покренува прашање меѓу нас и ЕУ што е јасно билатерално меѓу Бугарија и Северна Македонија“, рече Рама.