Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска порача дека процесот на европска интеграција е јасен и дека „Албанија е во апсурдна фаза на блокирање поради ветото наметнато од Бугарија врз Северна Македонија“.
Рама порача дека Тирана нема намера до недоглед да зависи од волјата на Софија и најави дека ќе бара одвојување на Албанија од Северна Македонија на патот кон ЕУ, ако на крајот на француското претседателство, односно по првите 6 месеци од следната година, Бугарија остане на ветото.
„Доколку Бугарија продолжи да става вето, отворено ќе побараме одвојување од Северна Македонија. Во меѓувреме, она што е важно е дека нашите бодови во оценките во однос на овој процес се зголемуваат и две важни компоненти во зголемувањето на бодовите се чекорите што почна да ги презема правосудниот систем“ – рече Рама.