Мицкоски: Со што заслужија Бугарите да им дадеме уште една отстапка?

„Со изјавата на членот на Извршниот одбор на СДСМ ,Андреј Петров за вклучување на Бугарите во Уставот, ги почестивме нашите источни соседи со уште една отстапка без при тоа да имаме гаранција дека нешто ќе добиеме за возврат“. Ова денеска во Битола го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски.

„Кажете ми кога ќе седнеме на маса да преговараме дали имаме загарантиран влез во Европската Унија, дали имаме загарантиран почеток на преговорите со ЕУ и со што тоа Бугарите заслужија ние да дадеме уште една ваква отстапка. Како изминува времето се повеќе отстапки даваме“- рече Мицкоски.

Според него, ваквата изјава претставува продолжување на „домат дипломатијата“, која што ја гледавме четири години од страна на Зоран Заев.

„За промена во Уставот требаат две третини, а колку што јас знам ова владејачко мнозинство нема две третини во македонскиот Парламент“ порача тој.