Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа рече дека разговарал со неговиот колега од Франција – Емануел Макрон за „забрзување на мировниот процес“ во Украина, поради стравувањата од руска инвазија.
„Продолжување на дијалогот со Емануел Макрон за борба против безбедносните предизвици и забрзување на мировниот процес во Нормандискиот формат“, напиша Зеленски на Твитер.
Нормандискиот формат за решавање на украинската криза е воспоставен во јуни 2014 година, кога за ова прашање на маргините на годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија во Втората светска војна, разговараа тогашната германска канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Русија, Франција и Украина, Владимир Путин, Франсоа Оланд и Петро Порошенко.