
„На 24 мај сите сме Бугари“ – вака започна честитката за празникот Свети Кирил и Методиј од бугарскиот претседател Румен Радев.
„Денес има седум милиони Бугари во Бугарија, милиони други се надвор од татковината. Но, секогаш постои невидлива татковина што секој ја носи со себе каде и да оди. Тоа е бугарскиот јазик. Од раѓање сме предодредени да размислуваме и да чувствуваме на богат, звучен, нијансиран и изразен мајчин јазик. Јазикот нè инспирира, јазикот нè утешува. Јазикот е нашиот дом и надеж во тешките и осамени моменти, особено далеку од татковината“ – порача бугарскиот претседател Радев.