Дендиас утре доаѓа во земјава!

Министерот за надворешни работи на Грција – Никос Дендиас утре ќе биде во еднодневна посета на земјава и ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи – Бујар Османи.

Дополнително зајакнување на билатералните односи во сите области, европската перспектива на Северна Македонија, спроведувањето на Договорот од Преспа, случувањата на Балканот, во Источниот Медитеран, како и ситуацијата во Украина, најверојатно ќе бидат темите на разговор.

Дендиас ќе се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе присуствува и на работна вечера организирана од Османи и вицепремиерот за европски прашања – Бојан Маричиќ.

Дендиас во Скопје беше во ноември 2019 и во август 2021 година, а Османи ја посети Атина во јануари 2021 година.