Путин: Распад на Русија би бил многу покрвав отколку оној во поранешна Југославија
Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за тв каналот „Русија-1“ изјави дека „во случај на распад на Русија, последиците би биле многу подраматични и покрвави отколку во поранешна Југославија“.
„Дефинитивно може да се каже дека би се чувствувале многу лошо, би се бореле да преживееме, наместо да го зголемуваме наталитетот. Трагичниот пример на Југославија покажува дека во случај да поминевме низ истото, и знаејќи го менталитетот на нашиот народ и не само на рускиот, туку и на сите народи кои живеат во Русија, конфликтите би биле многу поопасни и покрвави отколку во Југославија“ рече Путин.
Тој додаде дека имало бројни надворешни притисоци врз Русија во текот на 90-те години од минатиот век и дека земјата изгубила добар дел од нејзиниот суверенитет во тоа време.
„Имаше многу инструменти на притисок, Русија беше прилично слаба, зависеше од различни финансиски инструменти и механизми, политички и внатрешни. Може да се каже со жалење дека Русија тогаш изгуби поголем дел од својот суверенитет“ вели Путин.