„Путин не изгубил ниту една војна“

Полскиот претседател Анджеј Дуда ги призна успесите на рускиот претседател Владимир Путин во украинскиот конфликт.

Москва има јасна предност пред украинските сили, изјави Дуда во разговор со извршниот директор на „Дау Џонс“, издавачот на „Волстрит журнал“ Алмар Латур.

„Денес велат дека Владимир Путин ја загуби војната, а неговиот пораз е што Финска влезе во НАТО, иако финската јавност долги години се двоумеше дали да се откаже од неутралноста. Дами и господа, Владимир Путин не изгубил ниту една војна“, вели тој.

Дуда потсети и дека Русија е нуклеарна велесила со огромни залихи на оружје.