Путин нема да му одговори на Бајден за личните прозивки

Претседателот на Русија – Владимир Путин нема да му одговори на американскиот колега – Џо Бајден по неговото синоќешно телевизиско обраќање.

Бајден му порача на Путин дека „доаѓа по него“ и дека тој е виновен за ескалацијата на конфликтот. Потсети дека „историјата покажала“ дека диктаторите создаваат уште поголем хаос кога нема да бидат казнети.

Џил Доерти – шефица на канцеларијата на дописникот на „Си-Ен-Ен“ во Москва, проценува дека Путин нема да одговори на забелешките на Бајден..

„Тие лични коментари што ги даде Бајден – Путин е изолиран, тој е диктатор, тој е виновен – се работи што би го иритирале рускиот претседател. Но, мислам дека нема да му одговорат. Путин е свесен дека од овие обвинувања не треба да се брани Што ќе каже? „Јас не сум диктатор. Русија еиднствено може само да се обиде да ги уништи аргументите на Бајден заобвинувањата кон Путин“ – рече Доерти.

Аналитичарите излегуваат со теорија за менталната состојба на Путин. Откриваат зошто Русија, според ставот на Путин, не смее да ја загуби војната во Украина.