Путин: Нема да го нападнеме НАТО

„Русија нема претензии кон ниедна земја на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји ни Чешка, но ако Западот ја снабди Украина со ловци Ф-16, руските сили ќе ги соборат“.

Ова го изјави претседателот на Русија Владимир Путин и додаде дека овие авиони можат да носат и нуклеарно оружје, а доколку се користат на аеродроми од трети земји, истите ќе станат легитимна цел.

Белгија, Данска, Норвешка и Холандија се меѓу земјите кои ветија донација на Ф-16 за Украина.

Пред пилотите на руското воено-воздухопловство, шефот на Кремљ изјави дека по падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Алијансата предводена од САД се проширила кон истокот.