Нов обид за формирање Влада во Бугарија – мандатот оди кај партијата на Слави Трифонов

Претседателот Румен Радев денеска ќе го додели третиот мандат за формирање влада на пратеничката група на „Има таков народ“ (ИТН) на Слави Трифонов.

ИТН веќе најави дека веднаш ќе го врати мандатот, доколку биде предаден.

ГЕРБ, ПП-ДБ, ДПС и БСП се изјаснија дека нема да поддржат влада во трет мандат, без оглед на кого ќе му биде даден.

Изборот на Радев за ИТН доаѓа откако ГЕРБ и ПП-ДБ ги вратија нереализирани првиот и вториот мандат за формирање на бугарската Влада.