Путин: Нашата земја секогаш е отворена за директен и искрен дијалог

Владимир Путин – претседателот на Русија изјави дека Москва е подготвена да бара „дипломатски решенија“ и покрај зголемените тензии со Западот околу Украина, но нагласи дека за интересите на државата не се преговара.

„Нашата земја е секогаш отворена за директен и искрен дијалог, за барање дипломатски решенија за најсложените проблеми“ – истакна Путин во видео обраќањето по повод Денот на бранителот на татковината, државен празник во Русија.

Путин додаде и дека „за интересите на Русија, безбедноста на нашите граѓани, не можеме да преговараме“.