Путин назначи вршители на должност на припоените области

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша четири федерални уставни закони за пристапување кон Русија на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, како и на регионите Запорожје и Херсон во Украина и назначи нивни привремени водачи, пренесува ТАСС.

Рускиот претседател го назначи Денис Пушилин за вршител на должноста шеф на Народната република Доњецк, Леонид Пашечник за привремен шеф на Народната република Луганск, Евгениј Балицки за вршител на должноста гувернер на областа Запорожје и Владимир Саљд за привремен гувернер на регионот Херсон.

Вршителите на овие региони управуваат со териториите додека не се изберат шефовите на новите региони во согласност со руските закони на изборите следната година, пренесе Танјуг.