Путин му напиша писмо на Ким Јонг-ун

Рускиот претседател Владимир Путин напишал во писмо до севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун по повод Денот на ослободувањето на Северна Кореј

Во писмото до Ким, Путин вели дека Русија и Северна Кореја „ќе ги прошират сеопфатните и конструктивни билатерални односи преку заеднички напори“.

Путин оценил и дека поблиските врски ќе бидат во интерес на двете земји и дека тие ќе помогнат да се зајакне безбедноста и стабилноста на Корејскиот полуостров и регионот на североисточна Азија, објави севернокорејската новинска агенција „КЦНА“.

Ким истакнал дека пријателството меѓу овие народи е воспоставено по Втората светска војна, со победата над Јапонија и дека тоа „се развивало и консолидирало од век во век“.

Тој додаде дека нивното „пријателство како другари“ уште повеќе ќе зајакне и дека „стратешката и тактичка соработка, поддршка и солидарност“ меѓу нив сега е на „високо ниво, на заеднички фронт поради воената закана и провокација на непријателските сили. “