Пукање во Сан Франциско, девет луѓе се ранети
Полицијата во Сан Франциско соопшти дека девет лица се ранети во округот Мисион во петокот вечерта, откако биле испукани истрели од возило во движење.
Пукањето се случило околу 21 часот по локално време.
„Можеме да потврдиме дека има девет ранети во престрелката, од кои се очекува сите да преживеат. Засега се чини дека инцидентот бил со предумисла и изолиран. По тој инцидент веќе немало опасност за јавноста“ – соопшти полицијата во Сан Франциско.
Помошникот на општинскиот надзорник Сантијаго Лерма изјави дека полицијата му кажала дека луѓето биле застрелани со огнено оружје и дека едно лице е оперирано.
Некои се здобиле со полесни телесни повреди, додека за другите не се знае состојбата.
Лерма истакнува дека властите веруваат дека пукањето дошло од автомобил во движење.