Пукање во концертната сала во Москва, има жртви и повредени

Во концертната сала „Крокус“ во Москва имало масовно пукање, во кое има мртви и ранети.

Според руските медиуми, најмалку три лица во маскирни одела отвориле оган. По пукањето, во зградата избувнал пожар.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат густ чад кој доаѓа од концертната сала.