На прашањето зошто дигитализација во образованието, одговорите ги дава универзитетскиот професор Кирил Барбареев.
„Целата суштина е дигитализација на технологиите во секојдневниот живот. Многу идеи можат да се реализираат преку образованието за да го подигнат квалитетот на животот на човекот. Целта е да се подигнат подобри резултати во учењето. Колку јас како професор во текот на денот преку таа платформа ќе успеам да ги подобрам резултатите на учениците, тоа ќе зависи од мене. Дали јас ќе употребам 5% од времето или воопшто денеска нема да употребам дигитализација – тоа зависи од моето знаење“.
На прашањето кои предуслови државата треба да ги направи за да се стигне до фаза на дигитализација, Барбареев вели:
„Паѓаме на тој испит како држава, не можеме да го одговориме. Треба преструктуирање на целиот образовен систем. Кога почнува ваков процес, на маса се ставаат 4 прашања: што се му е потребно на едно училиште, што се е потребно во една училница, што се му е потребно на учителот, а што на ученикот“.