Протест против епидемиолошките мерки во Виена, имало и апсења
Приближно 50.000 луѓе денеска протестирале во главниот австриски град против сертификатите за вакцинација и воведените мерки против Ковид-19. Десничарски екстремисти предизвикале инцидент.
Според австриските медиуми, полицијата пријавила напад врз минувачи и новинари.
„Нападнат е новинар. Бил гаѓан со грутки снег и парчиња мраз“ објави виенската полиција, а дополнија и дека напаѓачот е уапсен.
Имало уште неколку апсења на демонстранти.
„Пристигнуваат пријави за употреба на пиротехника и одбивање да се носат маски“ потврди австриската полиција.
Собирот го обезбедувале околу 1.500 полицајци.