Протест на родителите на убиените ученици пред „Рибникар“ со барање да се изгради меморијален центар

Пред ОУ „Владислав Рибникар“ започна протест на родители на загинати ученици во тоа училиште.

Собирот на родителите е закажан симболично за 8 часот и 40 минути, време кое тие го препознаваат како момент кога почнало пукањето во училиштето.

Родителите палат свеќи и оставаат цвеќе пред училиштето. Собирот се уште е во тек, а од другата страна на улицата има повеќе насобрани граѓани.

Најверојатно има граѓани кои сакале да ги поддржат луѓето, јавуваат српските медиуми.

Засега е познато дека е најавен пат до Владата на Србија, а според некои информации учесниците на протестот ќе одат и во Собранието.

Бараат во училиштето да се изгради достоинствен меморијален центар.