Ердоган: Израел мора да одговара за воените злосторства извршени во Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на разговорот со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека Израел мора да одговара пред меѓународните судови за воените злосторства што ги извршил во Газа.

Во телефонски разговор пред состанокот на Советот за безбедност на ОН за Газа, кој е планиран за денеска, Ердоган му рекол на Гутереш дека „Израел продолжува бесрамно да го гази меѓународното право, правилата на војната и меѓународното хуманитарно право, пред очите на меѓународната заедница. “, пренесува Ројтерс.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, дел од таканаречената „контакт група“ на муслиманските земји кои водат разговори со западните лидери за Газа, ќе присуствува на состанокот во Њујорк во среда, соопшти претходно МНР.

Израел започна воздушна и копнена офанзива против палестинската милитантна група Хамас во Газа по нападот на 7 октомври, пренесува Танјуг.