Променливо и нестабилно време за денеска – можен и пороен дожд

За денеска се најавува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер со над 50 километри на час.

За денеска се најавува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер со над 50 километри на час.

На некои места во Македонија дождот ќе биде пообилен и пороен дожд, а ќе биде проследен и со грмежи и со можност за појава на град.
Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне од 21 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура се очекува да се спушти до 14, а максималната да достигне до 26 Целзиусови степени.

Од утре не очекува стабилно и сончево време со температури меѓу 25 и 30 степени.