Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека проектили погодиле складиште за радиоактивен отпад во Киев. Засега нема извештај за оштетување на згради или истекување на радиоактивен материјал.
Директорот на МАЕЕ, Рафаел Гроси синоќа изјави дека украинските власти ја информирале неговата канцеларија за нападот.
Агенцијата очекува наскоро да ги добие резултатите од радиоактивниот мониторинг од местото на настанот.
Пред еден ден беше оштетен електричен трансформатор на слична депонија во украинскиот град Харков.