При акциска контрола во угостителски објекти, приведено лице барано со потерници, затекнати малолетници по полноќ

Полицијата од СВР Скопје спроведе контрола во угостителските објекти, при што приведен е Д.К. кој се барал со три потерници. Затекнати се пет малолетни лица, а во еден од објектите бил пронајден кокаин.

Констатирано е кривично дело по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица, како и присуство на малолетници во угостителски објекти по 00.00 часот. Констатирани се и прекршоци во однос на неиздавање на фискални сметки и прекршување на законот за пушење, соопшти МВР.

Полицијата ја спроведе контролата заедно со Управата за јавни приходи, Трудовата инспекција и Државниот пазарен инспекторат.