Принцот Чарлс пак е позитивен на корона

Принцот од Велс – Чарлс е позитивен на Ковид-19 и сега е во самоизолација, соопштија од резиденцијата.

Престолонаследникот по вторпат е позитивен на коронавирусот, откако се зарази со Ковид 19 во март 2020 година.

Тогаш Чарлс изјави дека „многу лесно се извлекол“.

Ова доаѓа откако принцот Чарлс и сопругата Камила заедно со министерката за внатрешни работи – Прити Пател и канцеларот – Риши Сунак присуствуваа на настанот на „British Asian Trust“ што се одржа синоќа во Британскиот музеј.

Чарлс зборуваше пред повеќе од 350 гости за влијанието на Ковид врз регионот.