Претседателска дебата во Бугарија, Македонија во фокусот!

Претседателскиот кандидат во Бугарија, Румен Радев и неговиот политички противник – Анастас Герџиков во дебата во пресрет на вториот изборен круг со слични позиции за Македонија.

Герџиков смета дека е потребен е поинаков пристап во односите меѓу двете земји, но не од страна на Бугарија, туку од страна на Северна Македонија. Тој бара да запре говорот на омраза и да се подобри транспортната поврзаност.

Радев, пак, смета дека Бугарија не може да каже „да“ за Северна Македонија за членство во ЕУ пред да запре кршењето на човековите права на Бугарите во земјата. Тој смета дека се уништува и фалисфикува бугарското културно и историско наследство.