Претседателот на Кина е во посета на Србија

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, денеска е во дводневна посета на Србија, на покана на претседателот Александар Вучиќ.

Двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

Во интервју за кинеската CCTV пред посетата на Си, Александар Вучиќ рече дека Србија е целосно посветена на посетата на кинескиот претседател.

„Верувам дека тоа ќе донесе придобивки и ќе биде во интерес и на кинескиот и на српскиот народ“, рече Вучиќ во интервјуто.

Србија е втората станица на европската турнеја на Си Џинпинг.

Глобалните настани, но и локални проблеми се очекува да бидат на врвот на агендата на средбата меѓу двајцата претседатели.

Во пресрет на пораките по него, експертите немаат дилема, нема да изостане меѓусебната поддршка за најважните политички прашања.за време на дводневната посета на кинеската делегација која брои околу 400 членови, треба да бидат потпишани повеќе од 30 договори од различни области.

За безбедноста на средбата ќе се грижат повеќе од 3.000 полицајци.