Кипарската Влада им препорачува на граѓаните пред посетата на домовите во пресрет на божиќните празници да се тестираат или со селф тест, доколку се целосно вакцинирани или со рапид тест за невакцинираните. За домашните собири за празниците, дозволено е на Кипар да има најмногу 20 лица, вклучувајќи ги и домаќините и децата.
Сите вработени кои се вакцинирани или прележале Ковид, за пристигнување на работните места задолжително ќе треба да имаат негативен резултат од ПЦР или рапид тест, што ќе важи седум дена. Исклучок се оние кои примиле трета доза од вакцината.