Македонскиот премиер – Димитар Ковачевски утре и задутре, по првпат откако е на оваа функција ќе има официјална посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел.
Утре наутро, според информациите, тој ќе се сретне прво со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а на средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија – Бујар Османи и министерката за одбрана – Славјанка Петровска.
Според агендата, попладнето Ковачевски ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет – Шарл Мишел како и со претседателката на Европскиот Парламент – Роберта Мецола.
Средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, е во петок претпладне.
Ковачевски се очекува да има средба и со поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.
Во неговиот тим кој ќе патува за Брисел е и вицепремиерот за европски прашања – Бојан Маричиќ.