Лидерот на Северна Кореја – Ким Џонг Ун рече дека ширењето на Ковид-19 ја довело земјата во „големи превирања“ и повика на сеопфатна битка за надминување на епидемијата, откако потврди дека има 21 нов смртен случај ден претходно.
Азиската земја неделава призна дека и кај нив постои епидемија на „Ковид без преседан“, откако повеќе од две години тврдеа дека немаат инфекција.
Експертите сметат дека објавените бројки претставуваат само мал дел од вкупните инфекции, што може да доведе до илјадници смртни случаи.
Лидерот на Северна Кореја на состанок рече дека ширењето на епидемијата е голема катастрофа за земјата, но дека тие би можеле да ја надминат кризата „ако не го изгубат фокусот во спроведувањето антиепидемиски политики и да се задржи силната организациска моќ и контрола врз основа на единство на партијата и народот“.