Предлогот на ЕУ е прифатлив, но не е доволен – сметаат косовските аналитичари

Репортажата ја направи Кристина Атовска

Во пресрет на преговорите кои треба да се случат во Охрид, во рамки на дијалогот Белград – Приштина, Трилинг од Приштима анализира какви се очекувањата од оваа средба помеѓу двајцата лидери откако тие усно го прифатија Предлогот на ЕУ.

Разговаравме со поранешниот член на групата за дијалог и политички аналитичар, Газмир Раци и поранешниот лидер на Движењето Самоопределување, Висар Имери.

Двајцата сметаат дека предлогот на ЕУ кој според толкувањето значи и Де Факто признавање на Косово, не е доволен бидејќи се бара и Де Јуре признавање, но сметаат дека е сериозен чекор напред кон решението.

Нема очекувања дека во Охрид ќе се случи конечното потпишување на овој предлог, но се очекува барем усвојување на некои Акциски планови.

Аналитичарите сметаат дека војната во Украина, го забрза интересот на Европската Унија за решавање на отворените спорови на Балканот.

На прашањето дали Косово треба да биде дел од иницијативата „Отворен Балкан“, поранешниот лидер на Самоопределување, Имери вели дека е меѓу малкумината во Косово кои сметаат дека Косово треба да се приклучи на иницијативата.