Прв телефонски разговор Ковачевски – Мицотакис

Заемната волја за зајакнување на повеќеслојните билатерални односи и билатералната соработка, со акцент на економскиот и трговскиот сектор.

Ова било констатирано за време на првиот телефонски разговор на новиот македонски премиер Димитар Ковачевски со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис.

Грчкиот премиер, според информациите од неговиот кабинет, му честитал на Ковачевски за преземањето на функцијата и ја повторил поддршката на Грција за европската перспектива на Западен Балкан и Северна Македонија, согласно поставените критериуми.

Мицотакис нагласил дека оваа поддршка е „директно поврзана со целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, што исто така е дел од пристапниот процес“.