Казна од 455.000 евра за компанијата која не го исчисти снегот од автопат во Турција

Министерство за транспорт и инфраструктура во Турција со казна од над 450.000 евра за компанијата одговорна за автопатот Северна Мармара.

Причината е тоа што одредени делови од автопатот беа затворени за сообраќај 18 часа поради обилни снежни врнежи на 24. јануари.

Компанијата им ја врати на возачите наплатената патарина, јавува агенцијата „Анадолија“.

На делови од автопатот имаше сообраќајни несреќи кои беа предизвикани од обилните снежни врнежи дента во Истанбул. Ресорното министерство презеде мерки по бројните поплаки од граѓани.

Казната е 6.795.957 турски лири (455.493 евра) за оперативната компанија.

„Иако пред врнежите преземени се мерки, посипување со сол и истурање на раствор на највисоко ниво, поради снегот кој достигна катастрофална големина, се соочивме со непосакувани последици и нашите граѓани беа принудени да чекаат на автопатот“ – соопштија од казнетата компанија.