Новиот британски крал Чарлс Трети вечерва за првпат и се обрати на британската нација.
– Денеска ви зборувам со длабока тага, мојата сакана мајка беше инспирација за мене и за целото семејство. Ние и должиме љубов, водство. Длабоко жалиме за неа, покрај личната загуба, која ја споделуваме со вас во Велика Британија и во сите земји каде кралицата беше на чело, како и многу во светот – рече кралот Чарлс во претходно снимениот говор.
– Оддавам почит на споменот на мајка ми, знам дека нејзината смрт носи тага кај многумина од вас и ја споделувам таа тага.
– Низ сите промени и предизвици низ кои помина нашата нација, горд сум на народ кој напредуваше. Нашите вредности мора да останат константни. Јас сум воспитан да негувам чувство на должност и кај другите.
'A life well-lived'
In his first address to the nation as monarch, the King pays an emotional tribute to his mother.
Latest: https://t.co/8AFWhoW82a
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/AUPbcoERzW
— Sky News (@SkyNews) September 9, 2022
– Каде и да живеете во ОК или во светот ќе ви служам. Мојот живот ќе се промени, повеќе нема да можам да посветувам време на хуманитарни активности. Ова е време на промени и за моето семејство. На мојата сопруга Камила, која ми беше верен пријател.
– Вилијам сега ја презема шкотската титула и станува војвода од Корнвол.
– Сакам да ја изразам мојата љубов кон Хари и Меган кои го живеат својот живот преку океанот – рекол кралот Чарлс.
– На мојата драга мајка кога го започнува своето патување да му се придружи на мојот драг татко, сакам да и кажам благодарам за љубовта, благодарам за посветеноста.