Зоран Заев по 4,5 години на премиерската функција во Владата заминува од функцијата. Собранието денеска ја констираше неговата оставка, која тој ја оцени како логичен чекор што произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати.
Тој неодамна го напушти и претседателското место во СДСМ. На чело на владејачката партија беше од 2013 година, а премиер беше од 31 мај 2017 година. Вториот премиерски мандат почна да му тече по изборите, на 15 јули 2020 година.
Додека Заев беше претседател на Владата, Македонија стана полноправна членка на НАТО, но не успеа да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ поради блокадата од Бугарија.
Тој го потпиша Договорот за стратешко партнерство, пријателство и добрососедство со Бугарија во август 2017, а во јуни 2018 година неговата Влада го потпиша Договорот од Преспа со Грција за решавање на долгогодишниот спор за името.
Од 2003 до 2005 година, Зоран Заев беше член на македонскиот Парламент, по што се кандидираше за градоначалник на Струмица, позиција што ја извршуваше три последователни мандати, од 2005 до 2016 година.
Заев е член на СДСМ од 1996 година.
По професија е економист и магистер по монетарна економија.