Јазмин Киркланд од Тексас поминала 370 дена во болница откако и бил дијагностициран Ковид 19. Инаку, мајката на три деца вели дека откако добила позитивен резултат не верувала, бидејќи немала никакви симптоми.
Откако помина повеќе од една година во болница, Јазмин се врати дома. 34-годишната жена и нејзиниот сопруг Коди биле на семеен одмор кога и двајцата се заразиле со коронавирусот.
Додека состојбата на Коди се подобрила, таа била однесена во медицинскиот центар Тексома и две недели подоцна била ставена на вентилатор.
„Почнав да се молам и реков: „Боже, те молам, не дозволувај да умрам… само пушти ме да се разбудам. Дозволете ми да бидам тука за моите деца и мојот сопруг“ – се присетила таа .
Јазмин сега се опоравува од ефектите на Ковид, но помина со месеци учејќи повторно да оди и да јаде, а средбата со семејството била повеќе од трогателна и тешка.
Нејзиното најмало дете, двегодишниот син, не ја препознал.
„Имаше една година кога отидов во болница, а за него болницата беше мојот дом. Беше збунет. Не ме препозна затоа што не бев во болничка наметка“ – рекла таа.