Бил де Блазио – градоначалникот на Њујорк рече дека сите жителите кои ќе ја примат третата доза вакцина против коронавирусот до крајот на годината ќе добијат 100 долари од градската управа.
„Ова ќе биде најголемата програма за стимулирње во САД, и сакам да видам како ќе реагираат њујорчани. Помогнете да го направиме целиот град побезбеден“ – рече Де Блазио.
Тој рече дека се очекува сегашниот бран на Ковид-19 да доведе до многу нови инфекции и дека ќе трае најмалку неколку недели.
„Нема повеќе заклучувања. Поминавме низ тоа, беше поразително и не можеме повторно да поминеме низ тоа. Мораме да работиме заедно во следните неколку недели“ наведе Де Блазио.