Од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ информираат дека од утре продолжува со работа базенот. Ова се чини доаѓа по притисок на јавноста откако базенот од 20. месецов, беше затворен поради сериозен дефект на системите за греење.
„Во изминатите денови наш приоритет беше надминување на проблемот со дефектот. Благодарение на сите чинители кои придонесоа во решавањето на проблемот, истиот е брзо отклонет со што репрезентативците ќе може непречено да ги одржуваат своите тренинзи преку програмите пропишани од нивните тренери кои макотрпно работеа изминатите години со своите пливачи. Спортскиот Центар Борис Трајковски уште еднаш покажа и докажа дека е единствен спортски храм кој работи за доброто на спортот и спортските работници“ – велат од СЦ „Борис Трајковски“.
Базенот ќе започне со работа со температура на вода од 25.5 степени, која се очекува дека ќе биде во пораст во наредните денови .
Од СЦ препорачуваат за клубовите кои работат пливачка школа да почнат со тренинзи од 31.01.2022 година кога се очекува температурата на водата да биде повисока.