И Русковска добивала смртни закани, барале да ги осуди Зоран и Вице Заеви

Вилма Русковска – шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција пред еден месец добила две писма со закани по живот.

Во изјава за „Дојче веле“ таа споделува дека случајот го пријавила во МВР по што добила дополнително обезбедување, согласно законот.

„Писмата пристигнаа околу 23-24 декември минатата година. Заканите беа во смисла дека невини и угледни граѓани се во затвор, а `криминалците Зоран и Вице Заеви` биле на слобода. Ако веднаш не ги осудам ќе бидам убиена. Двете писма беа во таа смисла“, изјави Русковска за „ДВ“.

Ова доаѓа откако денеска јавниот обвинител Љубомир Јовески вчера добил закани по животот преку препорачано писмо.

Сепак Јовески тврди дека „Такви закани нема да ме заплашат во постапувањето по конкретни предмети и примена на законот“.