По пауза од 11 години Милан го слави Скудетото, 19-то во историјата

Фудбалерите на Милан предводени од тренерот Стефано Пиоли попладнево славеа на гости кај Сасуоло со 3:0 во последното коло од Серија А, па по пауза од 11 години ја освоија шампионската титула.

Иако пред почетокот на сезоната, не им се даваа големи шанси на „Росонерите“ за титулата, фудбалерите на Милан на најдобар начин ги демантираа скептиците и на крајот со 86 бода, два повеќе од градскиот ривал Интер, дојдоа до титулата.

Денеска победата беше им ја донесоа Жиру и Кеси, но заслужни за славјето во „црвено-црниот“ дел на Милано се голманот Мањан, дефанзивците Томори, Калабрија, Тео Ернандез, одличните Тонали, Кеси, вонсерискиот во финишот на сезоната – Рафаел Леао и ветераните Ибрахимовиќ и Жиру. Секако и сите останати кои дадоа свој печат на пехарот кој Милан го чекаше цели 11 сезони.

https://twitter.com/acmilan/status/1528436179741429765?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1528436179741429765%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Frazigraniot-milan-si-poigra-so-sasuolo-i-go-vrati-skudetoto-vo-svoite-vitrini%2F