Почувствуван земјотрес од 2,2 степени по Рихтер во Скопје

Утрово, во 9.55 часот, беше почувствуван земјотрес во Скопје, со јачина од 2,2 степени според Рихтер.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е почувствуван во северниот дел на Mакедонија и јужниот на Косово.

Земјотресот бил на 4 километри северно од Скопје или на 75 км од Приштина. Земјотресот е регистриран на 5 км длабочина.