Почина Љубиша Никодиновски – Биш, театарски актер и продуцент и еден од основачите и долгогодишен селектор на фестивалот Млад отворен театар (МОТ).
Никодиновски – Биш како тетарски актер работел во театарот “Кај Свети Никита Голтарот” и во „Тетарската работилница ФФ (Зелена гуска)” како еден од нејзините основачи и како продуцент.
Се занимавал и со театарска критика и есеистика. Автор е на голем број статии и студии од областа на театарот, а во 2009 година, во издание на “Магор” излезе од печат и неговата книга “Алтернативниот театар во Македонија”.
Љубиша Никодиновски – Биш извршувал и повеќе раководни функции во областа на театарот. Работел во “Македонскиот народен театар” како продуцент и раководител на театарот “Центар”; во МКЦ бил помошник на директорот за драмската програма. Во 1976 година бил еден од основачите на фестивалот “Млад отворен театар”, а во 2010 година бил прогласен за негов почесен претседател.
Тој бил еден од основачите и генерален секретар и на Македонскиот центар на ИТИ-Унеско итн.
Погребот на Биш ќе биде в петок од 9.00 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.