Почина Исмаил Боја, почесниот претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

На 72-годишна возраст во Скопје почина Исмаил Боја, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија.

На 72-годишна возраст во Скопје почина Исмаил Боја, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија.

-Со голема тага информираме дека почина нашиот почесен претседател Исмаил Бојда. Изгубивме голем човек, патриот, другар и пријател. Целиот свој живот го посвети на заложбите за правата на Македонците кои припаѓаат на исламската религија и во тој контекст неговите дела ќе останат како пример за идните генерации како треба да сте Горд што му припаѓате на Македонскиот народ но и почестен и Горд што и припаѓате на Исламската религија, објави актуелниот претседател на СМИР, Љатиф Пајкоски.

Залагајќи се за македонско единство тој често знаеше да каже :Суштинска е потребата од сплотување на Македонците, без разлика на нивната религија или место на живеење, посочува Пајкоски.

Исмаил Бојда по потекло беше од село Борје, Гора, Косово. Погребот е утре во Скопје каде живееше со семејството.