Почина американската актерката и режисерка Ен Хеч, која не се освести по тешките повреди во сообраќајната несреќа на 5 август. 53-годишната актера, која глумеше во филмови како „Дони Браско“, „Женска борба“ и римејкот на „Психо“, денеска беше исклучена од апаратите, потврди нејзиното семејство за вебсајтот Ти-Ем-Зи.
Хеч минатиот петок доби тешки изгореници откако удри со колата во една гаражата во Калифорнија, при што настана пожар. По неколку дена падна во кома, а семејството денеска објави дека и престанале мозочните функции, а одлуката да се исклучи од апаратите се одложуваше поради донирање органи. Нејзината смрт ја објави нејзината пријателка Ненси Дејвис на Инстаграм, а нејзиното семејство ја потврди за Гардијан.
Актерката беше хоспитализирана во болницата Вест Хилс северно од Лос Анџелес по ужасната несреќа на 5 август. Претставник на нејзините најблиски вчера потврди дека е мозочно мртва и дека само со машини ја одржуваат во живот за лекарите да ѝ ги земат органите за донација.
„Сакаме да им се заблагодариме на сите за нивните добри желби и молитви за закрепнување на Ен и да им се заблагодариме на посветениот персонал и прекрасните медицински сестри кои се грижеа за Ен во Центарот за изгореници Гросман во болницата Вест Хилс“, се вели во објавата.