Од 1. јануари 2022 година Турција во ценовен шок кога се работи за цената на струјата и гасот. Цената на електричната енергија за домаќинствата се покачува за 50 отсто, додека за индустриските објекти покачена е за неверојатни 124 отсто.
Ова е незапомнет скок на цените во земјата.
Цената на гасот поскапе за домаќинствата за вкупно 25 отсто, додека индустриската струја со „скок“ од дури 50 отсто.
Во последните неколку месеци инфлацијата во Турција скина 21 отсто од нивниот стандард, па огромен број на граѓани јавно го изразија своето незадоволство од политиката на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Минатата година, турската лира загуби 45 проценти од вредноста во однос на американскиот долар.