Поразителни резултати – лани банкротирале 7.000 фирми
Најмногу фирми згаснале во секторот трговија, а потоа во преработувачката индуструја и во туристичкиот сектор.
Минатата 2021. година има драстичен раст на бројот на затворени компании во земјава. Податоците велат дека лани приближно 7.000 компании ставиле клуч на врата. Најмногу фирми згаснале во секторот трговија, а потоа во преработувачката индустрија и во туристичкиот сектор.
Во анализата на порталот „пари.мк“ се вели дека вообичаено, најмногу фирми и во 2020-та и во 2021-ва, се затвориле во февруари, бидејќи тогаш Централниот регистар ги брише компаниите што не се активни, во согласност со членот 552 од Законот за трговски друштва.
Скопје, Битола, Тетово, Куманово и Гостивар се градовите во кои имало најмногу затворања на фирми, но во исто време – таму имало и добра динамика на отворање на нови фирми.
Најголем дел од затворените фирми се во Скопје, повеќе од една третина.