Поради сомнеж за поставена бомба евакуирана автобуската станица во Приштина
Меѓуградската автобуска станица во Приштина попладнево била целосно евакуирана, поради сомневања за поставена експлозивна направа, објави „Газета експрес“. Директорот на станицата изјавил дека од станицата се евакуирани сите патници, како и тамошните вработени.
Од полицијата немаше информација за тоа што се случува на автобуската станица, меѓутоа медиумите јавија дека на местото на настанот е видно присуството на полициски тимови.