
Забрана за продажбата на алкохол во барови и ресторани за да се спречи ширење на Омикрон варијантата на коронавирусот е на сила во Норвешка поради драстичното зголемување на бројот на заразени.
Новите правила кои ќе важат од утре ќе забранат продажбата на алкохол во барови, ресторани и други услужни објекти, а Норвежаните ќе одат на работа само доколку тоа е можно.
„Стапката на зараза во Норвешка драстично се зголемува, а сега добивме нови сознанија за сојот Омикрон и колку брзо може да се шири. Ние сме во сериозна ситуација“ – рече премиерот Јонас Гар Сторе.
Тој смета дека се потребни построги мерки за да се одржи контрола врз пандемијата.