Помалку жртви во сообраќајки во ЕУ, причина е и пандемијата на Ковид-19
Статистиките за сообраќајна безбедност за минатата година покажуваат дека 18.800 лица го загубиле животот во сообраќајки во ЕУ, што е намалување од 17 отсто во споредба со 2019 година – покажува статистиката на Европската Комисија.
Претпоставките се дека оваа бројка се должи во голем дел и на фактот што рестриктивните мерки против Ковид-19 го ограничија движењето на луѓето минатата година.
Европската Комисија се заложува до 2050. година да се достигне до нула смртни случаи и нула тешки повреди на патиштата.
Денес најсмртоносни се сообраќајките меѓу автомобили и камиони.