Пол Макартни ќе прави турнеја во САД
Сер Пол Макартни – популарниот британски пејач планира оваа пролет да одржи американска концертна турнеја со 14 настапи. Ќе започне во северозападниот дел на САД.
Ова ќе биде негова прва серија настапи во живо по светската турнеја од 2019 година, објави поранешниот член на легендарните Битлси.
Турнејата „Got Back“ ќе почне во Спокејн, Вашингтон, на 28. април, а потоа ќе следат и концерти во Сиетл на 2. и 3. мај, според распоредот на неговата официјална страница.